3
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ги повика возачите да ги сменат дозволите и да извадат нови, со новото уставно име.
„Граѓаните да го искористат претстојниот период за да ги сменат возачките дозволи со новото уставно име согласно Законот за безбедност во сообраќајот. Да го искористат престојниот период и што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола, бидејќи старите возачки дозволи поред Законот ќе важат заклучно со 31 декември годинава“ рече Тошковски за време на посетата на Одделенинето за персонализација во МВР, каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.