57
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски го промовираше системот “Земи бројче” кој од денес во соработка со МИОА целосно е ставен во функција и истиот има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи.
„Со оваа мерка ќе се стави крај на гужвите, времето на чекање на граѓаните значително ќе се намали и истите ќе можат во едни нормални услови да дојдат до својот личен документ“ истакна Тошковски.