Тошковски го повика Груби да се врати во земјата: „Сакам да му верувам дека е чист како солза“

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го повика поранешниот вицепремиер Артан Груби да се врати дома и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат постапката.

„Јас би упатил јавен повик, од еден од тие двајца кои во текот на вчерашниот ден кажа дека доброволно ќе се врати во Македонија, јас сакам да му верувам, кажа дека е чист како солза, пак сакам да му верувам, еве јавно упатувам да истиот се врати во Македонија, ако не е вратен, и да им овозможи на институциите соодветно да ја истераат оваа постапка“, рече Тошковски.

Груби на социјалните мрежи вчера oбјави ја напуштил државата поради приватна посета, но дека ќе се врати назад.

„Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување. Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома при моето семејство“, објави Груби.

Обвинителството претходно информираше дека со истрагата опфатени се шест лица, а според информацијата, поранешниот премиер и генералниот секретар на владата засега не се водат како осомничени од ЈО.

Поврзани новости