Тошковски ги повика Џафери и Османи да дојдат во МВР и да фотографираат граѓани

by Fokus

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски ги повика техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за надворешни работи Бујар Османи да дојдат во МВР и да фотографираат граѓани за пасоши за да го помогнат процесот.

„Ако премиерот Џафери е толку многу амбициозен дека може да се заврши сето ова, не е лошо заедно со министерот за надворешни работи кој го видов како многупати активно е загрижен за целиот овој проблем, да дојдат во МВР, ќе им обезбедам посебни кабини за да можат да помогнат во процесот на фотографирање“, рече Тошковски.

Неговата изјава следи откако Џафери на денешната прес-конференција изјави дека има доволно време до изборите граѓаните да ги заменат личните документи.

Тошковски уште еднаш ги повика партиите во Собранието да ги изгласаат измените на Изборниот законик за граѓаните да може да го остварат своето демократско право на глас и со старите документи.

Претходно, дополнителниот-заменик во МВР Бојмацалиев рече дека внатрешна контрола треба да открие каде е грешката со неиздадени а готови пасоши. За овој проблем укажа и Народниот правобранител.

Поврзани новости