8
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека во пожарот во кочанската дискотека животот го загубиле 51 лице. Починатите лица се во повеќе болници во земјата и по идентификација ќе треба да бидат однесени на обдукција во Скопје.
Тошковски рече дека пожарот е последица на искри од пиротехника употребена за светлосен ефект.
„Во моентот најверојатно искрите го зафатиле таванот кој бил дел од лесно запалива материја, брзо се прошитил и се создал густ чад. Со длабока тага ја известувам јавноста дека до сега животот го изгубија 51 лице, повеќе од 100 се во болница. МВР ги презема сите мерки за утврдување на одговрност“, рече Тошковски.
Тој најави редовни прес конференции за споделување на нови информации со јавноста.