Во интервју за ТВ Сител министерот за внатрешни работи Панче Тошковски запрашан за најавите за водење на истраги низ институциите кои индицираат големи криминали, нагласи дека истраги имало, има и ќе има и потенцираше дека тие се водат врвно професионално и очекува силни ефекти од истите.
„Јас не се сеќавам во последните дваесеттина години од историјата на Македонија, да одговарал врховен судија или член на совет на јавни обвинители и претходно да признаат вина дека на сметка на македонските граѓани се богателе финансиски изминатиот период. Во рамки на една максимално професионална постапка беше истерана целокупната работа. Ќе продолжиме со докази и факти, со конкретни дејствија да работиме во насока на интересот на граѓаните. Во иднина очекувам повеќе признанија за повеќе кривични дела. Притоа сето она што е ограбено на сметка на граѓаните да се врати таму каде што му е местото“, дециден беше министерот Тошковски.