6
Дискотеката во Кочани во која во пожар загинаа 59 луѓе и над 150 се повредени, работела со фалсификувана лиценца.
„Легална лиценца за работа оваа фирма нема. И оваа лиценца како и многу други работи е поврзана со мито и корупција. Станува збор за нелегални лиценци издадени во 2024 година. Денес Македонија плаче, ама одговорност ке има. За секој еден од корумпираните неодговорните и секој еден којшто има директно или посредно влијание за настанување на овој кривично правен настан. Овие ифнормации се за досега утврдената ситација согласно доказите“ рече Тошковски.
Во моментот на пожарот во дискотеката имало околу 500 луѓе. Идентификувани се најголем дел од жртвите.