Енкеледа Чела која вчера била пријавена за исчезната била најдена жива во близина на хотел „Белви“ во добра здравствена состојба.
-Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето, соопшти техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.
Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, државјанка на Албанија, која вчера беше пријавена за исчезната е пронајдена жива, потврдија за Фокус од МВР.