73
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Вила Водно имаше срдечна средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, на која тој најпрво и ја честиташе победата и воедно и посака да има успешен мандат во кој ќе биде заштитник на државните интереси.
„На средбата поразговаравме и за предизвиците со кои сме соочени како држава и заклучивме дека не чека многу работа и во тој контекст потребно е да имаме партнерски однос сè со цел да изградиме едно општество каде основниот принцип ќе биде владеењето на правото, а со тоа Македонија ќе стане подобро и просперитетно место за живеење за сите граѓани.“, потенцираше министерот Тошковски.