Смената на веќе претходната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева без разлика каква и да била направена на дивјачки, незаконски и спротивен начин од она што го предвидува законот, Деловникот за работа на Судскиот совет. Постапката е спроведена без правен основ, рече адвокат Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата „24 анализа“ што се емитува на Телевизија 24.
Според него во јавноста се крие вистинската причина за разрешување на Дамева, а тоа е дека го криела писмото од американската амбасадорка.
„Се разрешува претседателката и образложението им е, пазете каква злоупотреба на име и презиме е тоа, заради тоа што претседателката го криела писмото од амбасадорката. Како не им е срам да кажуваат вакво нешто.
Што мислат дека ние, правната фела, па и луѓето што го пратат правосудството, а и секој обичен граѓанин, дека нафта пиеме, како злоупотребуваат име на амбасадор во насока на затскривање на вистинската причина зошто почитуваната екс стручна соработничка и сега екс претседателка на Судскиот совет требало да биде разрешена на ваков начин“, рече Тошковски.