Шампионот во бодибилдинг Тоше Зафиров ја воодушеви јавноста со своето претставување на интернационалниот натпревар за професионалци Словенија Опен, кој што се одржа во Словенија, и од каде што се врати со сребрен медал, односно го освои високото второ место. За време на неговото претставување, во позадина ечеше гласот на Тоше Проески и неговата изведба на народната песна ,,Сокол пие вода на Вардарот”.
JAS VAKA SI JA SAKAM MOJATA DRZAVA!JAS VAKA JA PRESTAVUVAM MOJATA DRZAVA!JAS VAKA SI GO SAKAM MAKEDONSKIOT NAROD !JAS VAKA SI JA SAKAM MAKEDONSKATA PESNA ,KULTURA,ISTORIJA.VAKA SE SAKA SOPSTVENIOT NAROD,FAMILIJA,DECA,MAJKA,DRUGARI,PRIJATELI,SO SPORTOT SITE SME EDNO BEZ RAZLIKA NA VERSKA ,ETNICKA,PARTISKA ILI BILO KAKVA PRIPADNOST .SREBREN MEDELA NA "SLOVENIA PRO:UZIVAM VO OVIE DENOVI GO ZIVEAM SVOJOT SON .NAJGOLEMA OD SRCE BLAGODARNOST DO SITE PORTALI,MEDIUMI,NOVINARI,VODITELI,DO SITE VAS STO NE PRATITE I SE OVA SPODELUVATE BRZO I NAVREMENO .
Publiée par Tose Zafirov sur Samedi 15 juin 2019
Околу тоа како и зошто се одлучил токму оваа песна да биде дел од неговата сценографија за време на првенството, Зафиров за ,,Фокус” појаснува дека секогаш за време на своите настапи сака да ја истакне својата земја преку песна и преку културните остварувања.
-Идејата токму со оваа песна, одлично препеана од Тоше Проески да се претставам во Словенија ја добив спонтано, додека го гледав филмот ,,Трето полувреме”. Тоше е нашиот ангел, се трудам речиси на сите настапи да се претставам со негови песни. Тоа е еден вид на мој начин да му оддадам благодарност за музиката која што ни ја остави, еден вид на моја порака дека ние никогаш нема да го заборавиме него, неговиот глас и пораките за љубов и хуманост кои тој ги ширеше преку музиката, но и со своите дела. Еден ден по натпреварот, случајно се сретнав со фолк дивата Виолета Томовска, која ја има една од најпопуларните изведби на песната ,,Сокол пие вода на Вардарот” отпеана во дует со Кирил Манчевски. Многу ја почитувам Томовска, таа за мене е легенда на македонската фолк музика, па и го пуштив видеото од настапот. Таа остана воодушевена, силно ме прегрна и ми честита од се срце. Во тој момент се почувствував како најгордиот спортист на планетата – емотивно раскажува шампионот.
Инаку, Зафиров е по потекло од Неготино, град во кој Тоше Проески ги имаше своите музички почетоци, каде го имаше својот прв настап во дискотека и минуваше доста време. Токму поради тоа стекна голем број на пријатели од Неготино, со кои остана близок и во времето на својата голема Балканска популарност.
Тој додава дека уште е под импресии од првенството во Словенија, каде и неговата сопруга Габриела се закити со награди, второ место во категоријата Фитнес бикини и трето место во категоријата Боди фитнес. Вели дека со поддршката од ќерката и синот, со бодрењето и вербата во нив од пријателите и роднините, и кога им било најтешко, успевале да соберат сили и да одат напред. За успехот кој го доживеа на еден од најголемите професионални натпревари во Словенија, вели дека го посветува на својот народ, на својата земја, на сите кои верувале во него и поради кои никогаш не се откажал.
-Благодарен сум на семејството, на јавноста, на медиумите. Ова е мојот и начинот на мојата сопруга да покажеме како се сака својата земја, своето семејство. Со спортот ние сите сме исти, нема поделби на верска, етничка, партиска или било каква припадност! Сребрениот медал на Словенија ПРО е голем успех за мене, јас деновиве го живеам својот сон. Јас сум единствениот билдер со ИБФФ ПРО карта, а и самата карта е преголем успех. Конкуренцијата во Словенија беше силна, се работи за престижен настан, со докажани учесници од целиот свет – вели Зафиров.
Тој заедно со сопругата Габриела учествуваше и на Светскиот куп во Будимпешта, на осми јуни. Таму Габриела освои прво место во категоријата Спорт бикини и трето место во категоријата Боди фитнес. Тоше пак, го освои златото и се закити со шампионски појас. Тогаш, победата ја посвети на РК Вардар и порача дека борбеноста на ракометарите му била голема мотивација да се претстави во најдобро светло и да се врати дома со злато од големото професионално натпреварување, со конкуренција од искусни билдери од над 20 земји од светот.
Вики Клинчарова