895
Кандидатот за градоначалник на Скопје, адвокатот Александар Тортевски од Твоја партија упати сериозни критики кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Изборите секогаш ги одлучувале 250.000 мислечки луѓе надвор од СДСМ и ВМРО. Успех на големите е што успеаја да ги иселат нив. Заев со неговиот пазарџиски менталитет го закова последниот клинец на сандукот. Шурување со криминалци, попуштање на ДУИ, бркање на Стојко, привилегии…, порача Тортевски.