Адвокатот Александар Тортевски во вечерашното гостување на ТВ 24 коментирајќи ги случаите на Сашо Мијалков и Орце Камчев рече дека тешко на правдата и државата ако функционирањето на правдата зависи од два случаи.
-Тешко на правдата и на државата ако функционирањето на правдата зависи од два случаи. Без разлика колку се „крупни ѕверки“. Наш проблем е што не градиме систем кој сам, по дифолт ќе реагира, без разлика за кој станува збор. Точно е дека правосудството по бегството на Груевски е под силен притисок дека не смее да му се случи такво нешто. Во случајов не ги знам елементите, се оградувам, меѓутоа јас исто сум привраник за американскиот систем, ако постои опасност од бегство, се одредува кауција. Во тој случај и ако на крајот има ослубодителна пресуда, државата нема да треба да му исплаќа отштета за времето поминато во притвор, вели Тортевски.