Тортевски: Снимките се индиции врз основа на кои треба да се истражува, а не докази!

by Фокус

По одлуката на Основниот суд Скопје 1 да ги отфрли како неосновани сите докази во предметот „Прислушување“, специјалниот јавен обвинител би можел да го стори истото коешто би го сторил и без оваа одлука, категорични се правните ескперти. Кој било просечен обвинител не би помислил објавените снимки да ги користи како доказ, туку тие се појдовна основа за истражување, оценува долгогодишниот адвокат Александар Тортевски, во изјава за Радио Слободна Европа.

Тие веќе се пуштени во етерот, од нив произлегуваат сериозни показатели и индиции за сторен криминал и секој обвинител што го почитува законот врз основа на допрен глас има појдовна основа од каде треба да тргне и што да истражува. Инаку и без ова решение тие докази не можеа да се користат во постапката и на нив не може да се заснова судска пресуда.
Александар Тортевски, адвокат.

„Тие веќе се пуштени во етерот, од нив произлегуваат сериозни показатели и индиции за сторен криминал и секој обвинител што го почитува законот врз основа на допрен глас има појдовна основа од каде треба да тргне и што да истражува. Инаку и без ова решение тие докази не можеа да се користат во постапката и на нив не може да се заснова судска пресуда“, вели Тортевски.

Поврзани новости