Тортевски: Сакав да го прашам Заев за заканите кон градоначалникот на Охрид зашто руши дивоградби

by Фокус

Александар Тортевски од „Твоја партија“ денеска на последниот ден од изборната кампања рече дека има медиумски и институционален молк околу изјавата на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, за закани кон неговото семејство.

-Сакав да го прашам Заев како ќе ја објасни изјавата на градоначалникот на Охрид дека доколку руши дивоградби, ќе му го убијат семејството. Како сето тоа помина во медиумски молк, како тоа помина во институционален молк и како никој не се сети дека на тој човек треба да му се даде заштита. Зошто никој од одговорните институции не го повика да го праша кој тоа смее да му се заканува и зошто градоначалник на владејачка партија на една од најважните општини во Македонија се чувствува небезбеден во сопствената држава за да не смее да го спроведува законот? – рече Тортевски.

Тој изрази жалење поради тоа што, како што рече, не добиле простор во ТВ-дебатите за време на кампањата.

Поврзани новости