Тортевски: Промената на името не е за славање, бевме приморани жива жаба да голтнеме

by fokus

Адвокатот, Александар Тортевски, вели дека промената на името не е за славење, бидејќи власта мораше да направи големи отстапки и да ги прифати уцените за да го обезбеди двотретинското мнозинство. Според Тортевски престои потежок период.

„Не е за славење за промената на името. Бевме приморани да голтнеме жива жаба и да се полееме со катран со амнестијата. Тоа не е за славење. Да се оправала држава со промена на име, сите би менувале име секој месец. Сега претстои тешкиот дел за што се плашам дека немаме капацитет“, напиша тој на твитер.

 

Поврзани новости