Тортевски: Од никого не земаме пари за да утре и никому не должиме

by fokus

Адвокатот Александар Тортевски, кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје од Твоја партија, во интервју за неделникот „Фокус“ вели дека со тоа што не примаат донации од фирми, туку функционираат со месечна чланарина од 10 евра, не му должат никому, и никому не треба да му „учинат“ доколку победи во градоначалничката трка.

На прашањето на „Фокус“ како успеваат без пари да ја водат партијата и дали само кампања на социјалните мрежи ќе им биде доволна, Тортевски вели:

-Па од оваа кожа не можеме да избегаме. Тоа е тоа. Ние упорно држиме, и многу сум горд на таа одлука, дека кај нас може да се плати само чланарина од 10 евра месечно, и ние држиме до тоа и функционираме. Ако имавме поинаква поставеност, можеби ќе дојдеше некоја голема компанија да ни даде некои средства, а ние за возврат потоа ќе имаме некаква обврска.
На пример, на некои големи загадувачи, не им е проблем на сите партии да им дадат по 50.000, по 20.000, по 10.000 евра, и да си купат утре повластен третман при загадувањето. Да увезуваат гориво кое не е еколошко, што ги загрозува граѓаните… Од таа причина од никого не сакаме да земеме средства за да и утре никому не должиме, вели Тортевски.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “

Поврзани новости