Адвокатот Александар Тортевски, кој е еден од 12-те кандидати за градоначалници на Град Скопје, во интервју за неделникот „Фокус“, вели дека неопределените граѓани мора да излезат да гласаат, односно незадоволството не смее да се манифестира со неизлегување на избори.
-Незадоволството не смее да се манифестира со неизлегување, туку напротив со излегување и гласање за новите опции кои што се покажуваат. Полошо од ова што е во никој случај не може да биде. Еве новите субјекти што се појавија, независни и мали партии, со своите ставови ја принудија власта на поинакво однесување. На пример, јас дадов ветување дека нема да користам службено возило во ниту еден момент, во ниту една прилика. Веќе 40 години сам си купувам кола, сам си плаќам ручек, сам си ги плаќам патувањата, и така и ќе остане доколку бидам избран, вели Тортевски.
ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “