Тортевски: Колегите не треба да ја пуштат Јанева да влезе во СЈО

by Фокус

Адвокатот Александар Тортевски смета дека доколку специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, некогаш се врати на работа, нејзините колеги треба да реагираат.

„Ако воопшто се врати на работа Катица, целиот колектив треба да си отиде и да ја остави сама внатре или пак да и застанат на врата и да не и дозволат да влезе внатре“, пишува Тортевски на „Твитер“.

Гласот на Јанева се слуша и во денешното трето продолжение од снимките за случајот „Рекет“ што ги објави италијанскиот Ла Верита.

Поврзани новости