Адвокатот Александар Торевски на денешната средба на „Твоја“ партија, во која е како претседавач на управен одбор, порача дека партијата ќе оди самостојно на предвремените парламентарни избори.
„„Твоја“ партија веќе се регистрираше и ќе настапиме на изборите во април. Поминавме макотрпен пат и нема да ги разочараме граѓаните. Не сме задоволни од општествената реалност во државава. Мене ми е мило што граѓаните покажаа желба дека сакаат да не видат на политичката сцена. Одиме сами на овие избори. Немаме месни комитети и штабови. Општеството оди во погрешна насока и да не звучи претенциозно дека јас ќе сум спасителот на Македонија, но потребна е промена“, порача Тортевски.
Како што истакнаа од партијата, Тортевски ќе има двегодишен мандат како претседавач, без право на повторен избор.