Американската актерка Тори Спелинг присуствуваше на „Холивуд шоу“ во хотел во Бурбенк. Таму се помеша со своите обожаватели, а големата промена во нејзиниот изглед им привлече погледи на многумина.
Фановите изјавија дека Тори изгледа непрепознатливо. Таа на настанот пристигна во фармерки и црн кроп топ кој го истакна нејзиниот стомак. Освен што ја покажа својата витка линија, Спелинг ги загрижи фановите и со нејзиниот изглед на лицето, кое во последно време многу се промени.
Инаку, актерката неодамна зборуваше за слабеење, а призна дека по раѓањето на синот почнала да користи лекови за слабеење.
Актерката пробала еден од најпопуларните лекови кој не и помогнал, а потоа пробала друг кој покажал резултати.
Спелинг неодамна се разведе од сопругот Дин Мекдермот, а парот остана во добри односи по разделбата.
„Ние сме навистина пријателски расположени. Знам дека луѓето во Холивуд мислат дека разводите мора да се грди, но нашите не се. Ние сме добри родители, добри пријатели сме, а тој е и еден од луѓето кои најмногу го поддржуваат”, рекла актерката.
Тори и Дин се венчаа во 2006 година, а таа поднесе барање за развод во март оваа година. Таа како причина ги наведе непомирливите разлики.