Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.
Од Министертвото за здравство ги предупредуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури.
Препорачливо е заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.
Поради високите температури потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да се избегнуваат алкохолните пијалаци, а на хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.
Во текот на ваквите екстремно топли денови, од Министертвото за здравство советуваат да се остане во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.