Времето претпладне ќе биде топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер од над 60 километри на час и град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени, а УВ индекс 7.
Во Скопје претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Променливото облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи ќе се задржи до петок. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и град. Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.