387
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, прогнозира УХМР.
Особено ќе врне попладне и во ноќните часови кога локално врнежите ќе бидат поројни, со количина од над 30 литри на квадратен метар и на места проследени со грмежи.
Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови.
Температурата ќе се искачи до 14 степени.