6
Денес во Македонија и понатаму ќе имаме натпросечно топло време со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Сепак, времето ќе биде променливо облачно, а ќе дува и ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува.
Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, кои во попладневните часови локално, особено во северните предели ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.
Во Скопскиот регион денес исто така ќе биде натпросечно топло со максимална дневна температура која ќе се искачи до околу 27, 28 степени.
Во некои делови од Скопскиот регион ќе има услови за повремен дожд, кој попладне би можел да биде пороен и проследен со ретки грмежи.