Топло со ниски утрински температури, утре и задутре дожд

by Fokus

Времето денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 29 степени. Во Скопје се очекува утрото да биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Синоптичарите најавуваат период на релативно топло време.

Утре и задутре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи.

Потоа, следува стабилно време со пораст на температурите.

Поврзани новости