Државата одобрила милионска сума помош за компанијата ТЕ-ТО за која се води истрага од Финансиската полиција и Обвинителството. Ова е тврдење на АД Топлификација, која има должничко-доверителски односи со ТЕ-ТО, односно станува збор за огромна сума од 20 милиони евра.
Според Топлификацика, оваа одлука била донесена на 160 -тата седница на Владата.
-Ова е скандалозно бидејќи се работи за криминал и за потег за кој во нормални држави веднаш паѓаат влади.
Имено владата дава државна помош на приватна ккомпанија ТЕТО Скопје – компанија која за 2018 год има најголема ДОБИВКА во државава од 120 милиони евра и за кој на сајтот на УЈП стои како најголем должник со над 16 милиони евра, односносно со месечните аконтации и преку 20 милиони евра.
Ова компанија во 2018 година преку криминална постапка во судот на лажен стечај со план за реорганизација во која на криминален начин на Топлификација и се бришат 30 тина милиони евра и се оштетуваат 3000 акционери спроведена преку судијка , нотарка, и директорот кој моментално е во бегство односно не е во државава. За него пак амбасада на голема држава се распрашуваше колкава е штетата и колку би добил осудителна пресуда, се вели во реакцијата на Топлификација.
Оттаму додаваат дека за овој случај е поднесена кривична пријава во обвинителството.
-Обвинителката Вилма Русковска, морам да ја спомнам, затоа што овој предмет се шета во обвинителствата повеќе од 1,5 година, а само кај Русковска е повеќе од година. По нејзиното враќање во ОЈО, Вишото обвинителство на 10 октомври конечно одлучува за надлежност дека предметот ќе го работи обвинителството на Вилма Русковска. Обвинителката која го работи случајот Ивана Трајчева (која при наша средба пред сведоци изјавува дека Лажниот стечај е неспорен само не бил за кај нив) ни се јавува да ни каже дека решиле предметот повторно да го вратат во ОЈО иако веќе се одлучи за надлежност. Кога обинител има докази на маса и не постапува прави кривично дело, па затоа јавно ја прашувам Вилма Русковска да излезе и да каже зошто прави кривично дело и кого штити ?, рагираат од Топлификација.
Оттаму додаваат и дека УЈП го толерира најголемиот должник ТЕ-ТО.
-УЈП не си ја извршува нивната законска обврска со што се вмешува во судска постапка каде се оштетени македонски фирми во висина од 40 милиони евра за сметка на Офшор компанија. Ние ја посетивме и побаравме од нив писмен одговор кој ни го ветија за 5 дена а поминаа повеќе од 5 недели.
Премиерот неколку пати е известуван со официјални писма па дури и ни прати негова советничка за да се информира за случајот и јавно на дебати изјавувал дека очигледно е дека околу ТЕТО има криминал, но тој не се мешал во судството да сега дирекно се вмеша во судската постапка со давање на државна помош на веќе обвинета компанија.
Го повикаувам премиерот јавно да излезе и да каже на јавноста зошто го направи овој криминал и веднаш да ја повлече одлуката, се вели во реакцијата на Топлификација.