589
Топката е на бугарската половина, вели вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, за последните случувања на релација Скопје-Софија. Тој во 360 Степени информира дека интензивно се разговара со бугарската влада во овие 100 дена.
-Сакавме да има разноликост во темите, за да можеме нашите односи да не се базираат само врз историските прашања. Мислам дека имавме успешен процес кој ја промени енергијата. Сепак тоа што се случи во Битола не го помага процесот, но ние не се откажуваме. Вложивме многу труд. Одевме на тенка линија меѓу баланс на заштита на обележјата на Македонија и интересот да ги почнеме преговорите. Се уште нема решение, инаку би знаела јавноста – рече Маричиќ.