Top Gun: Maverick заработи 134 милиони долари во првиот викенд

by fokus

Новиот филм на Том Круз Top Gun: Maverick заработи 134 милиони долари во првиот викенд откако почна да се прикажува во кината во Северна Америка.

Variety пишува дека ова е резултат на одличните критики, огромната носталгија и враќањето на Круз во пилотската кабина на авионот со кој изведува бројни акробации како пилотот Пит Маверик Мичел. Top Gun: Maverick е филмот со најголема заработка во 40-годишната кариера на Круз и неговиот прв филм кој надмина 100 милиони долари заработка во првиот викенд од прикажувањето.

Имено, продуцентите ја таргетираа публиката над 40-годишна возраст, демографската група која најмногу се двоуми кога е во прашање враќањето во кината. Позитивниот збор за филмот треба да му помогне на филмот на Круз да допре до помладата публика, оние кои не биле ни родени кога Топ Ган за прв пат беше прикажан пред 36 години.

Поврзани новости