Коста Кецмановиќ, 14-годишното момче кое на 3 мај годинава уби деветмина свои врсници и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар се уште е на специјалното одделение на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца.
Неговиот татко е во притвор, а на мајка му и е забрането да ја напушти Србија.
Познатиот адвокат Тома Фила зборува за тоа каква судбина го чека момчето осомничено за масакрот.
– На осомниченото момче му е извршено вештачење. Ќе биде детално и доколку лекарскиот тим утврди дека е ментално болен, остатокот од животот ќе го помине во лудница. Од друга страна, ако се утврди дека нема нарушувања, тој си оди дома – тврди Фила.
Познатиот адвокат се осврна и на неговите родители.
– Не знам многу факти за неговиот татко за да го предвидам исходот. Се зависи од обвинителството и за што ќе биде обвинет и како тоа ќе се докаже. Што се однесува до мајката, не гледам каков ќе биде резултатот од органот за старателство. Имаше ли злоупотреба на деца – вели Фила по повеќе од два месеци од трагедијата.
Момчето кое го изврши масакрот сè уште немало 14 години во моментот на делото и не е кривично одговорно според српскиот Кривичен законик.
Поминаа повеќе од два месеци од масакрот, каков што Србија не памети, а во врска со случајот се случија неколку работи – на родителите на момчето им беше привремено забрането да управуваат со имотот, а на 30 јуни притворот на таткото беше продолжен за уште 30 дена.
Кога станува збор за забраната за управување со имот, сите оштетени семејства поднеле имотно-правно барање против таткото на момчето во рамки на кривична постапка, додека едно лице тоа го сторило против мајката, но во граѓанска постапка.