456
Британскиот актер Том Харди најави повлекување од фимслата сцена во интервју за британските медиуми. Тој во интервјуто призна дека повеќе го интересираат продукција и режија отколку глумата.
„Доста ми е. Да бидам искрен, сакам да продолжам со нормален живот“, кратко објасни Харди.
Британецот има своја продукциска куќа, па како што истакна, можно е кариерата да ја продолжи во таа насока. Харди порача дека е свесен што е јавна личност, но некогаш тешко му паѓаат славата и оддалеченост од семејството.