Обожавателите на британското кралско семејство ширум светот деновиве го читаат четивото на годината за нив – книгата „Одмазда“ (Revenge) на британскиот новинар Том Бауер, во којашто Меган Маркл е опишана преку најлошите можни приказни на поранешните колеги, пријатели, но и татко ѝ Томас Маркл.
Том Бауер, познат британски новинар, посвети неколку месеци на истражување на животот на Меган Маркл, а книгата што ја напиша сега се продава на „Амазон“, и тоа – доста успешно. Делови од книгата се објавени и на Твитер, а една ситница особено ги погоди обожавателите на кралското семејство…принцезата Шарлот
Имено, според наводите, Меган ја тормозела малата принцеза Шарлот пред венчавката со Хари и ѝ кажала дека е „дебела“. Ова, вели писателот, страшно ја погодило Кејт Мидлтон, која се расплакала, а тој настан засекогаш го променил односот меѓу двете принцези „јатрви“.
На интернет се активни и ознаките #MeghanMarkleExposed и #MeghanMarkleBulliedCharlotte, со илјадници објави.
Авторот признава дека за книгата, интервјуирал пред сѐ луѓе кои денес не се во добри односи со Меган и немаат најдобро мислење за неа. Токму тие ја опишуваат сопругата на принцот Хари како многу наметлива, тешка, нефлексибилна и која често до солзи ги повредува своите блиски луѓе и соработници.