Доктор Нико Беќаровски од скопската Клиника за Токсикологија веднаш по пожарот во зграда во Чаир објасни колку вдишувањето на токсичните супстанции може да влијае врз здравјето на пациентите и како граѓаните можат да се заштитат.
Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:
Вдишување на цијаниди
При пожари во затворени простории, кога температурата ќе достигне 315°С а има присуство на различни пластични материи како полиуретан, винил, акрил, најлон свила, волна се создаваат многу токсични и смртоносни ЦИЈАНИДИ (CN-) во чадот.
Луѓето кои имаат саѓи во устата или носот, разни степени на пореметувања на свеста, хипотензија и лабораториски детектирана концентрација на цијаниди >40mmol/l имаат акутно труење со цијаниди.
СЕКАКО АКО МОЖЕ ДА СЕ ОДРЕДИ.
Кај овие изложени лица покрај високите концентрации на кислород неопходно е да се даде ПРОТИВОТРОВ коктел од натриум нитрит и натриум тиосулфат.
СЕКАКО КАДЕ ШТО ГО ИМА.
Во нормалните држави постои и таканаречен (Cyanokit) интравенски раствор од hydroxocobalamin. Во нормалните држави СЕКОГАШ ГО ИМА.
Доаѓа период во кој пожарите во затворени простории ќе стануваат се почести.
Македонските граѓани оддамна се хронично отруени со Р.М. честички и разни други гасови, па можеби дел од нив ќе успеат да ги преживеат и акутните труењата со цијаниди при следните пожари.
При пожари во затворен простор ставете барем крпа, шал, маица преку Вашиот нос и уста, за да ја намалите концентрацијата на вдишани цијаниди.