Тодоровиќ на распит во Кривичниот суд

by Фокус

Поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ е однесен на распит во Кривичниот суд во рамки на случајот „Феникс“, кој опфаќа вкупно 15 физички и седум правни лица и се однесува на набавката на 11 споменици во проектот „Скопје 2014“.

Истрагата го опфаќа периодот од 2007 до 2013 година, а во неа првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски. Дел од истрагата се и поранешниот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески, ексминистерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, поранешниот претседател на советот на општината Владимир Здравев.

Групата се товари за злоупотреба на службената положба и перење на пари.

Поврзани новости