585
Поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ повеќе од три часа е на распит во Кривичниот суд за случајот „Феникс“, односно за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.
Судија на претходна постапка, претходно го прифати барањето на обвинителството и им одреди 30-дневен притвор на поранешниот претседавач на Советот на Центар Владимир Здравев и на уште едно лице, кои исто така се осомничени во „Феникс“. На уште еден осомничен му е одреден куќен притвор.
Од Кривичниот суд Скопје за МИА информираа дека притвор од 30 дена досега им е определен на З.В. и на Љ.Б, додека мерка куќен привор му е одредена на Т.Д.