503
Лекарската комора е таа која одлучува дали ќе му ја одземе лиценцата на гинекологот од кој се пожалија неколку пациентки дека ги лажел дека се трудни, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
-Лекарската комора е таа што дава и одзема лиценци. Се додека еден лекар има лиценца, не ништо не можеме. Ако комората реши да му ја одземе, ние ќе постапиме по одлуката на комората. Тоа што ние можеме да го направиме е да ја известиме комората за целата работа и да побараме таа да ги превземе сите активности по претходно целосно испитување на случајот – изјави Тодоров.