Тодоров тврди дека нема опасност од зарази во поплавените подрачја

by fokus

Министерот за здравство Никола Тодоров вели дека досега на Клиниката за инфективни болести немало лица со заразни заболувања од поплавените подрачја. Министерот убедува дека се прават брзи дезинфекции на овие подрачја и дека нема опасност од епидемии.

– Имаме контрола над ситуацијата во подрачјата зафатени од поплавите во Скопско и нема појава на епидемија иако ги имаше сите услови, тоа го предупредија и експертите и затоа одевме со брза дезинфекција и дератизација – изјави денеска Тодоров на отворањето на бањата за физикална терапија во Градската општа болница „8 Септември“

Тодоров истакна дека досега се дезинфицирани околу 30 милиони метри квадратни и околу 4.500 куќи и бројот на лица кои бараат помош постојано се намалувал.

Поврзани новости