598
Времето ќе покаже дали и како ќе остане запишан во историјата настанот во Битола, вели во своето вечерашно гостување во „Емисија 200“ на Алсат, историчарот Петар Тодоров. Како што појаснува тој, сѐ уште е рано да се предвиди дали и какви последици би можеле да се очекуваат од него.
„Дали е тоа клучниот момент, којшто ќе влијае лошо или нема да влијае лошо, или едноставно ќе помине како еден од многуте настани ќе видиме со текот на времето. Има некои работи коишто сѐ уште не ги знаеме“, вели Тодоров.