Поранешниот министер Никола Тодоров во вечерашното гостување на Канал 5 изрази разочараност од односот од раководстовото на ВМРО-ДПМНЕ и даде поддршка кон неговите сопартијци кои гласаа за потребата од уставни измени.
-Не сум делувал против партијата, напротив. Јас побарав да бидам повикан на општинската дисциплинска комисија која беше задолжена за моето исклучување, затоа што сметам дека имаат обврска да ме сослушаат. Бев повикан, иако тоа беше околу 11 часот навечер. Бев непријатно изненаден, прашав што е тоа што ми се става на твоар, одговоор беше фрапантен, ми рекоа тоа не ние не знаеме, тоа ќе си прашете во централата. Ги прашав како може да ме исклучувате, а не знаете зошто. Гледам дека станува збор за конструиран случај, како што се случувале во историското ВМРО. Сега ние во 21 век, сум ставен во позиција за нешто што не знаат дали сум го направил. Со Мицкоски не сум во контакт, ако ме побараше ќе му објаснев, но од другата страна немаше аргумент што сум направил. За мене тоа е навредливо, зашто коските сум ги оставил во таа партија. Ситуацијата е комплетно нејасна, затоа што требаше да ми кажат: сте направиле тоа и тоа, нема ништо од тоа. Утредента контактирав со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за, затоа што ми беше жал, како беа жигосувани. Сетоа тоа ми изживување врз нив. Изживување врз наши сопартијци. Може направиле грешка, но може и ја спасиле државата од пропаст, рече Тодоров.