Поранешниот министер од Владата на Никола Груевски, Никола Тодоров во интервју за Слободен печат на прашањето дали може ли да се каже дека Груевски сѐ уште има влијание не само меѓу вмровските поддржувачи, туку и кај дел од пратениците или меѓу раководството, вели дека тоа е нормално.
-Нормално е да има, затоа што долго време успешно ја водеше партијата и државата, па членовите на ВМРО-ДПМНЕ, но и десно ориентираните гласачи сѐ повеќе со некаква носталгија гледаат на тоа време и го споредуваат тоа време со ова што го живеат денес. Знаете, гласачот секогаш споредува, како се живееше тогаш, како се живее сега, како функционираше државата тогаш, како функционира сега и врз основа на оваа индивидуализирана споредба, секој човек си носи свој суд за тоа кого треба да поддржи и во кој политичар има најголема доверба, вели Тодоров.