Интеграциите во МВР е последната точка за која партиите и денеска се обидуваат да постигнат договор.
Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, како претставник на ВМРО-ДПМНЕ, денеска накратко ги објасна барањата на владејачката партија.
-ВМРО-ДПМНЕ бара доколку СДСМ изгуби на изборите, нивните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика и дополнителните заменици-министри да се повлечат веднаш после изборите, а доколку победи за тоа нема потреба. ВМРО – ДПМНЕ бара оневозможување на масовни партиски промени во МВР односно да нема масовни партиски чистки во МВР, изјави Тодоров по доделувањето акредитации на првите три здравствени установи.
Што се однесува до ингеренциите на министерот за внатрешни работи, Тодоров дециден дека е неточно оти ВМРО – ДПМНЕ бара ресорниот министер предложен од СДСМ да нема никакви ингеренции.Тој убедува дека со намалувањето на интеграциите ќе се оневозможела злоупотреба на МВР во политички цели.
Тодоров додаде дека по денешната средба во резиденцијата на американскиот абасадор Џес Бејли, очекува партиите да излезат со договор.