471
Македонците ќе немаат основа за чествување на Гоце Делчев доколку тој биде изучуван како Бугарин“, смета членот на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Петар Тодоров во изјава за 360 Степени. Според него, Комисија и натаму нема решение за една од најзначајните личности од историјата.
-Од наша страна, неколку пати укажуваме дека решението за Гоце Делчев треба да биде во насока на тоа зошто оваа историска личност е значајна и за македонското и за бугарското општество и тоа да биде основа за заедничко чествување. Бидејќи, ако тој бил Бугарин, не гледам причина зошто ние, македонските граѓани би имале основа да го чествуваме, смета Тодоров.