991
Поранешниот министер во Владата на Никола Груевски, Никола Тодоров во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека ќе биде погубно за Зоран Заев и за СДСМ ако тој ја повлече вчера дадената оставка.
-Важно е дека човекот застана на говорница и го кажа тоа пред цел народ. Како ќе изгледа ако еден ден подоцна рече се шалев, нема тоа да го сторам? Тоа ќе биде катастрофа, и за него лично и за СДСМ. Мислам дека од ова назад тешко. Особено назад тешко од позицијата премиер. Кога тој сосема непотребно, ја поврза својата позиција со резултатот на Шилегов, јас токму вака го сфатив тоа: дека ќе се повлече и од премиер и од лидер на СДСМ.
Сега да се повлече од овој даден збор ќе биде многу тешко и тотално погубно, смета Тодоров.