Екс министерот за здравство Никола Тодоров ја напушти министерската фотеља без да успее да ги избере генијалците со коефициент на интелегенција над 140, што значи дека пропадна уште еден од многуте најавени проекти на поранешниот прв човек во здравството.
Околу овој проект на Тодоров, во јавноста се крена голема фама, се правеа смешки и монтажи по социјалните мрежи, а огласот стигна и до страниците на Вашингтон Пост.
За првпат во историјата на независна Македонија се појави таков оглас во кој министер бара советници со IQ над 140 и да поседуваат сертификат од МЕНСА (лиценцирана организација за тестирање на коефициентот на интелигенција)
Пред пет години, во 2012 година од ресорното министерство тврдеа дека на огласот се пријавиле 63 генијалци од кои Тодоров треба да избере само десет за во Советодавното тело. Тој тогаш тврдеше дека му се потребни екстра интелегентни луѓе затоа што ќе бидат ангажирани во Комитетот за сложени анализи во Министерството за здравство.
Никој не знае што се случи со сите оние потенцијални советници кои конкурираа на огласот, дали добиле некаков повратен одговор од ресорното министерство и дали се воопшто известени како ќе тече понатамошната процедура?
За оваа тема, „Фокус“ го праша и новиот министер за здравство Арбен Таравари, кој истакна дека се уште анализираат и понатаму ќе видат дали ќе се реализира овој проект.
И.М.