Тодоров инсистирал Села по нападот да се лекува во Градска болница, лекарот не дозволил

by Fokus

Зијадин Села на денешното рочиште појасни и дека пред да биде евакуиран од Собранието настанала расправа за тоа каде да се лекува.

– Тогашниот министер за здравство Никола Тодоров велеше да ме носат во Градска болница, но лекарот што беше тука не дозволи и рече да ме носат на клиника, бидејќи веќе е договорано со Арбен Таравари и таму ме чекаат. Кога слушна Тодоров нервозно рече: Правете што сакате.

Села истакна дека тој бил во животна опасност.

– До три -четири часот било неизвесно дали ле ќе преживеам бидејќи имав крварење во мозокот. Потоа, околу 6 часот била направена друга снимка која покажувала подобра ситуација. И денес имам последици, под лекарства сум и имам главоболка. Исто така помнењето ми е послабо од порано – рече Села.

Тој истакна дека нема напади на страв, но опиша како целата ситуација влијае и врз неговото семејство.

– Кога се случи минатото рочиште, синот кој има 8 години прочитал во медиуми и помислил дека нешто ми се случило. Ја прашал сопругата:Што му се случило пак на тато, рече Села.

В.В.

Поврзани новости