566
Екс министерот за здравство Никола Тодоров кој беше нападнат со огнено оружје на први јуни, денот на предавање на функцијата, денеска бил да даде исказ во скопското обвинителство, дознава телевизија 24 од неофицијални извори.
Покрај Тодоров, кој давал исказ како оштетен, во обвинителството биле сослушани и двајца сведоци, лица од обезбедувањето на поранешниот министер.