Поранешниот министер Никола Тодоров во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека ги чита големиот број на негативни коментари на неговиот Фејбук профил од членови на ВМРО-ДПМНЕ кои дури и му се закануваат бидејќи кажал став дека ќе излезе на референдумот (и ќе го поништи гласачкото ливче).
-Не се плашам за својот живот, но коментарите ме погодуваат, особено што дел од нив ги познавам. И затоа што ова не го правам да го предадам ВМРО-ДПМНЕ, никогаш и под никои услови не би го предал ВМРО-ДПМНЕ. Да не си им во кожа на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски, видете мене што ми се случува затоа што кажав ваков став. Замислите ВМРО-ДПМНЕ да излезеше со таков став. Денеска е најлесно да бидеш за бојкот. И мене ќе ми беше полесно и ќе имав многу поголема поддршка од членовите, рече Тодоров.