Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, денеска рече дека нема намера да биде дел од дневно-политичките игри и да ја повлече иницијативата до Уставниот суд за оценување на уставноста на новиот закон за специјално обвинителство, која ја поднел на 21 октомври.
-Зборуваме за сериозно дерогирање на системот, на уставниот поредок на земјата, ова е создавање на паралелни, ад-хок институции, ова е обид да се направи некаков нов систем, нова контрола. Се разбира дека немам намера да ја повлечам иницијативата и ќе ја чекам одлуката на Уставниот суд, изјави за МКД.МК Тодор Петров.
Ваква иницијатива до Уставниот суд претходно поднесе и адвокатот Томе Тодоровски од Свети Николе, но по комплетирањето на тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева реши да ја повлече.