Тодор Петров демантира дека ја повлекол иницијативата за нов референдум: Џафери манипулира со јавноста

by fokus

По информацијата на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека Тодор Петров ја повлекол иницијативата за собирање потписи за одржување на нов референдум за името, Петров, рече дека Џафери манупулира со јавноста и ја демантираше веста дека се откажал од ваквата иницијатива.

-Претседателот на Собранието Џафери манипулира со јавноста, бидејќи не кажа дека има две иницијативи за собирање 150 илајди потписи за распишување на задолжителен  референдум за името. Иницијативата која ја доставивме до Собранието на 24 декември лани, беше оценета како неуредна. На 9 јануари доставивме нова иницијатива со повеќе од 170 потписи собрани во подрачните единица на Државната изборна комисија, која матичните собраниски комисии ја оценија за уредна. Побарав од Џафери денеска да присуствувам на седницата како предлагач на иницијативата, но не ми беше дозволено, изјави Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес.

Поврзани новости