161
Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Породувањето беше извршено по природен пат, информираа вечерва од ГАК.
-Бебето е од машки пол, тешко е 3760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10.
Дежурната екипа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.
На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство.
Во првите 15 минути од Новата Година на ГАК се родија три бебиња.
Им посакуваме среќно и радосно детство, велат од ГАК.